Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со три бода се враќаат од гостувањето во Куманово
Пионерските екипи на ФК Вардар со три бода се враќаат од гостувањето во Куманово

Пионерските екипи на ФК Вардар со три бода се враќаат од гостувањето во Куманово

Пионерските екипи со победи се враќаат од гостувањето во Куманово, каде беа подобри од екипата на Милано.

Помладите пионери продолжуваат со добрите игри и резултати во новата сезона. Оваа генерација стигна до својата седма победа во првенството, откако денес славеа и на гостувањето во Куманово со резултат 0:2. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1, со погодокот на Кристијан Стојановски во 20 минута. Во вториот дел успеавме да го зголемиме резултатот на 0:2 и тоа со погодокот на Антонио Мирков кој погоди во 62 минута. Овој резултат беше и конечен на натпреварот.

ФК Вардар: Станковски, Петејчук, Хасани, Костовски, Крстевски, Мирков, Трајановски, Омерагиќ, Стојановски, Речица, Гугуљанов.

Во игра влегоа уште и Салиу, Величковиќ, Фазлиу и Демири.

Пинерите конечно успеаа да триумфираат и да стигнат до својата втора победа и повторно издвојувана на теренот на противникот. Избраниците на Тодоровски славеа убедливо со резултт 0:5. Голеадата на овој натпревар уште во 10 минута ја отвори Давид Ристовски кој погоди за 0:1. Во 30 минута водството на 0:2 го зголеми Малик Хасановиќ кој успешно го пронаоѓа патот до мрежата на Милано. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Во вториот дел за само 8 минути постигнавме три гола во противничката мрежа. Најпрво во 65 минута погоди Давид Астарџиев з 0:3, за само пет минути подоцна својот прв гол на денешниот натпревар да го постигне Марио Спировски за предност од 0:4. Конечниот резултат од 0:5 го постави Самир Хасиќ во 73 минута.

ФК Вардар: Рамадани, Кртовци, Игнатов, Астарџиев, Ѓурковски, Манасиевски, Хасановиќ, Цури, Ристовски, Спировски, Андоновски.

Во игра влегоа Димоски, Ибиши и Хасиќ.