Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. “2009“ загуби од Фортуна во детската лига
Вардар (2) генер. “2009“ загуби од Фортуна во детската лига

Вардар (2) генер. “2009“ загуби од Фортуна во детската лига

Денес на терените на ФК Работнички натпревар од детската фудбалска лига одигра Вардаровата генерација родени “2009“ година кои се предводени од Златко Таневски. Тие одиграа натпревар со Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Фортуна. Противникот беше подобар и славеше со резултат 3:5.

1

По првото полувреме резултатот беше нерешен. Екипата на Фортуна уште во првите минути успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Имаше можност Вардар веднаш да го врати голот, но ударот на Павел Котевски- Митревски го брани ударот. Двете екипи имаа свои шанси и моменти на добра игра. Нашите млади надежи успеаа да го постигнат својот прв гол на натпреварот преку Максим Павловски да го израмнат резултатот на 1:1.

3

До крајот на првото полувреме видовме уште четири погодоци. Фортуна го врати водството на 1:2, за црвено-црните да вратат и преку Даниел Колевски да израмнат на 2:2. По трет пат на мечот, противникот дојде во предност од 2:3, но со вториот гол на Колевски го израмнивме резултатот на 3:3 и со овој резултат се замина на полувреме.

4

Сепак во вториот дел Фортуна се покажа како поснаодлива екипа и со два нови погодоци на крајот успеа да забележи триумф од 3:5.