Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар доминантен и во Норвешка кај Ларвик, нова убедлива победа!
Вардар доминантен и во Норвешка кај Ларвик, нова убедлива победа!

Вардар доминантен и во Норвешка кај Ларвик, нова убедлива победа!

Тимот на Вардар го продолжи 100% учинок во Лигата на шампионите, вечерва нашите девојки лесно и убедливо го совладаа тимот на Ларвик од Норвешка (9-16) 19-31. Вардарки само во почетните 10-сетина минути од мечот имаа проблеми со својот противник. На овој натпревар Суслина одигра одлично, Лејно немаше свој ден помеѓу стативите. Вардарки со оваа победа дојдоа на скор од три победи од исто толку натпревари.

Првите 5. минути од натпреварот поминаа изедначено 2:2, головите за Вардар ги постигнаа Цвијиќ и Пенезиќ. Следуваше серија од три голови на домаќинот Ларвик, па така во 8. минута домаќинот дојде на највисоки плус три, ова беше доволен знак за Парондо да побара минута одмор. По тајм – аутот Вардар почна да игра добар ракомет, следуваше голема серија на Вардарки од 5-0 за водство од 5:7 во 14. минута од натпреварот. По серијата од 5-0 домашниот тренер побара минута одмор, по тоа Ларвик со два гола дојде на егал 7:7, во 18. минута. За нова предност се погрижи Пенезиќ со нејзиниот втор гол во 19. минута од мечот. Во продолжението од мечот Суслина влезе во серија, за околу 20-сетина минути нашата голманка фати шест топки. На спротивната страна Радичевиќ никако неможеше да погоди, нашето крило имаше шут 0/4, во 23. минута резултатот гласаше 9:9. Суслина продолжи да брани, во 26. минута фати и пенал на Ларвик и го остави Вардар во водство од плус еден. До нови плус два Вардар дојде во 27. минута со гол од контра на Сара Ристовска. Највисоките плус четири Вардар ги достигна во 29. минута, со головите на Ристовска и Кузнецова. На полувреме Вардар замина со голема предност од 9:16, за околу шест минути Вардар направи голема серија од 5:0 благодарение на трите голови на Ристовска.

Првите пет минути од вториот дел му припаднаа на нашиот тим, во 35. минута со голот на Лазовиќ, Вардар дојде до високи плус девет 10:19. Тимот на Ларвик цели 13. минути не го загрози голот на Вардар. Кузнецова во продолжението го потврди својот најдобар настап во Вардар, русинката со својот трет погодок го донесе Вардар но нови девет позитива во 37. минута.  Во продолжението од мечот и двете екипи играа ефикасен ракомет, Кузнецова, Суслина и Лекиќ го водеа Вардар кон нов триумф. Суслина во продолжението од мечот имаше свое шоу, на средина на вториот дел нашата голманка имаше дури 16 одбрани, на спротивната страна Пенезиќ со гол го донесе Вардар на нови плус девет во 48. минута. Највисоките плус десет Вардар ги достигна во 50. минута. Тука се беше јасно кој ќе победи на овој дуел. До крајот на натпреварот Вардар рутински ја доврши својата задача за нова убедлива победа.

Најдобри поединци вечерва во тимот на Вардар беа Суслина со 17 одбрани, Сара Ристовска постигна шест погодоци како и Андреа Пенезиќ.