Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не помислува на ништо друго освен победа, Целје немаше сили за изненадување
Вардар не помислува на ништо друго освен победа, Целје немаше сили за изненадување

Вардар не помислува на ништо друго освен победа, Целје немаше сили за изненадување

Вардар продолжува со победите во СЕХА-лигата забележувајќи ја вкупно шесттата победа во ова натпреварување. Избраниците на Гонзалес славеа и на гостувањето во Словенија, против екипата на Целје П.Л.

Првите осум минути од натпреварот поминаа израмнето, а првите три гола за Целје ги постигна нивниот најдобар стрелец, Жига Млакар, додека два од трите гола за црвено-црните на почетокот беа дело на Лука Циндриќ. Домашната екипа беше прва која успеа да има два гола предност (5:3). Имаа и водство од 6:4, но Вардар успева да го израмни повторно резултатот на 6:6. Двете екипи наметнаа брзо темпо на игра, а последното водство во првиот дел екипата на Целје го имаше на средината од првото полувреме, кога резултатот беше 8:7. Од тие моменти избраниците на Раул Гонзалес направија серија од 0:3 и за прв пат имаа два гола разлика (8:10). Имавме и предност од 10:13, за Целје со два последователни голови да намали на 12:12. Сепак во последните четири минути од првиот дел, Вардар ги врати најголемите три гола предност и на одмор се замина со резултат 13:16.

Вториот дел започна со головите на Кристопанс и Дибиров, кои зголемија веќе на пет голови разлика (13:18). Екипата на Целје не дозволи Вардар предвреме да го реши натпреварот, па во 41 минута намали на само два гола негатива со голот на пикерот Аниќ (20:22). Во овој дел од натпреварот се играше гол за гол и Вардар одржуваше водство и имаше контрола на резултатот. Во еден момент на голот застана Арпад Штербик, по што противникот не успева да реализира два удари од седум метри. Тоа го користиме на најдобар можен начин и со голот на Дибиров поведуваме со 23:26 во 50 минута. Домашниот тим повторно се “закани“ и намали на 25:26, но Вардар експресно врати со головите на Чупиќ и Карачиќ и повторно се одлепи на 25:28. Се беше јасно кога Карачиќ на 30 секунди пред крајот зголеми на 28:31, со што го постави и конечниот резултат.

Најефикасни беа руските репрезентативци, Дибиров и Шишкарев кои постигнаа по 6 голови.Милиќ имаше 7, додека Штербик 2 одбрани.