Денес на силниот меѓународен турнир во Брчко, Босна и Херцеговина кадетите на РК Вардар се сретнаа со тимот на РК Крка. Во еден дуел од треттиот натпреварувачки ден во кој доминиравме момците на Будимир и Станковски дојдоа до победа со 17-16.
На почетокот отворивме преку Давид Савревски, а противникот изедначи на 1-1, реми беше и по 5.минути игра 2-2. Успеавме да се одлепиме од противникот со серија 3-1 поведувајќи со два плус, 5-3. Игравме подобро и потоа, доминиравме во сите аспекти, ја удвоивме предноста над Крка, па во последната минута со голот на Чакалиќ Бојан поведовме со четири гола. Во последниот атак на ривалот тие намалија на 10-7, резултат со кој се замина на одмор.
Во почетните минути на вториот период успеавме да наметнеме игра во наш стил, доминиравме во одбраната, апак во нападот казнувавме. На средината од периодот имавме пет гола предност најавувајќи нов триумф на овој силен меѓународен турнир, на семафорот стоеше 14-9 за црвено-црниот тим по погодокот на Савревски. Потоа малку се опуштивме, противникот проба, но не му дозволивме да не стигне. Победата дојде со резултат 17-16 на оваа средба.
Повторно Бојан Чакалиќ беше прв стрелец тој погоди 5.пати, гол помалку односно 4 погодока имаше Савревски Давид.