И овие зимски подготовки тимот на Вардар ќе ги мине во топлата Турција, но овој пат не во Анталија, туку во Аланија.
Експедицијата на Вардар е предвидено да замине за Турција на 16 јануари и да остане околу 15-сетина дена, каде низ пријателски средби ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ која започнува на 17 февруари.
Стартот на зимските подготовки во Скопје пак, треба да започнат некаде по божиќните празници.
Засега од Вардар си заминаа Барсегјан и Кировски, а од друга страна се бараат играчи пред се од нападот, од средината на теренот и Жунињо од Македонија ЃП.