Тигран Барсегјан го потврди своето заминување од Вардар. Ерменецот вели дека сезоната започнала одлично за него и за тимот на Вардар, но дека потоа се случиле несакани проблеми што го одалечиле од фудбалските терени.
„Почетокот на сезоната беше многу добар и успешен за мене. Потоа, имав проблеми со работната виза и не можев да играм натпревари. Веќе не сум во Вардар, имам понуди од други клубови и ги разгледувам. Во Новата година ќе имам нов клуб“, изјави Барсегјан.
„Вардар Фанс“ уште еднаш му посакува успех и среќа во новиот клуб кој ќе биде познат наскоро.