Во салата “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден утрово во рамки на вториот турнир организиран од РК Илинден Вардар пионерите на црвено-црниот клуб се сретнаа со тимот на РК Алушовски. Пионерскиот состав на РК Вардар имаше дуел со повозрасна екипа одигра рамноправно прво полувреме и послабо второ по што забележи пораз со 14-11 на отварањето на овој меѓународен собир.
На почетокот отвори противникот, ние со голот на Анакиевски Никола ја вративме резултатската симетрија и изедначивме на 1-1. Се играше гол за гол постојано, ривалот поведуваше со еден разлика ние се враќавме во егал. На минута и пол до крајот на семафорот стоеше 6-6, успеавме да се одбраниме и тргнавме во напад, тренерот Зоран Петковски-Зенга побара минута одмор. Успеавме да промашиме во два наврати од кој во вториот и од пенал. Противникот имаше 20.секунди за напад, но на нашиот гол Никола Спасовски одбрани фантастично тој во текот на првиот период постојано не одржуваше во игра.
Вториот дел почна како и првиот со гол на противникот, апак ние повторно изедначивме овој пат со убав удар од 9-10 метра ефективно погоди Стојановски Марио, веднаш потоа во контра погоди Трифуновски Виктор за пресврт. Ние првпат на оваа средба поведовме со еден гол предност, 8-7. На средината од вториот период кој на овој турнир е во време траење од 15.минути водевме со 9-8 по што почна нашиот пад во играта. Противникот влезе во серија 0-5 со која направи целосен пресврт и поведе со 9-13. Ние се обидовме ама немавме сили за враќање и бевме поразени со 11-14 на крајот.
До крајот на денешниот ден ќе одиграме уште два натпревари.