Денес во СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните кадети, момците на Вардар Јуниор успеаа да го совладат тимот на Пролет. Момците на Будимир и Станковски лесно се справија со својот ривал и го совладаа со 30-14 (16-9).
Отворивме со голот на Киселовски Леонид за 1-0, противникот врати со иста мерка за почетни 1-1 по 4.минути ракомет. Го дигнавме нивото на одбрана, успеавме да сопреме три напада, Михајловски имаше одлични две одбрани со нога, тоа беше наградено во напад за предност од четири гола. Србиновски погоди атрактивно за 5-1 во 11.минута, по оваа серија 4-0 ривалот побара тајм-аут. По двата одлични удари на Савревски и погодокот на Димитриовски отидовме и на шест плус, во 15.минута некаде околу половината на првиот дел водевме со 8-2. Пролет успеаа со мини серија 1-3 да намали на 9-5 во 21.минута, сепак кратко траше нивниот налет, нашата одбрана го дигна нивото. Благој Димчевски одлично во одбраната блокираше, тоа во напад во 26.минута го валоризираше Савревски со гол за 12-5, односно првпат поведовме и со седум гола. Во финишот успеавме да ја одржиме предноста, заминавме на одмор со 16-9 иако останавме со два играчи помалку во поле.
Одлично влеговме и во вториот дел, ја стабилизиравме предноста од седум гола, со умна игра гол за гол. По 10.минути ракомет ние и понатака бевме на седум позитива, на семафорот во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ стоеше 18-11 за црвено-црните кадети. Следеа три-четири минути без гол на двете страни, потоа погодија во 15.минута, Киселовски и Србиновски. Првпат отидовме на девет позитива, на семафорот стоеше 20-11, тоа беше „аларм“ за клупата на Пролет да побара минута одмор. На овој дуел треба да напоменеме дека настапивме без Чакалиќ и Грујовски, а сепак игравме на ниво. Следеше серија и по тајм-аутот нова, овој пат 5-0 ( од 18-11 вкупна 7-0) со која поведовме со 25-11, веќе се беше решено на 9.минути до крајот. Треба да се истакне и голманот Бане Трифуновски кој имаше имаше 6-7.минути без примен гол, тој за 12.минути на голот прими само два гола од кој еден од пенал . Победата дојде со резултат 29-14.
Савревски Давид денес “бомбардираше“ погоди дури 13 пати, Киселовски Леонид даде 6 гола, а Пешевски Андреј стрелаше 4 пати. Голманот Михајловски впиша 10 одбрани, Стојкоски Давид одбрани пет удара кон неговиот гол.