Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младиот тим на Вардар Јуниор триумфираше в гости кај РК Прилеп
Младиот тим на Вардар Јуниор триумфираше в гости кај РК Прилеп

Младиот тим на Вардар Јуниор триумфираше в гости кај РК Прилеп

 Младите ракометари на Вардар Јуниор забележаа важна победа на гостински терен кај тимот на РК Прилеп пред стартот на дуелите во плеј-аут делот во Суперлигата. На натпреварот кој се одигра во спортската  салата при СОУ „Ристер Ристески-Ричко“-Прилеп  избраниците на Стојан Петрушевски триумфираа со резултат 28-32 (15-16).

Домаќините отворија со погодок за 1-0, ние веднаш вратиме за почетно изедначување на 1-1. Потоа се играше гол за гол и постојано се изедначуваше резултатот, беше: 2-2, 3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6. Следеше серија на прилепчани од 4-1, тоа беше првпат една екипа да се одлепи на “плус три“, 10-7. Нашите момци тргнаа поагресивно во продолжение со цел да ја анулираат предноста на домаќинот. Момците на Стојан Петрушевски успеаа да изедначат на 15-15 пред самиот крај на првите 30.минути. Откако се одбранивме напад на жолто-црните во одбраната, во последниот напад направивме целосен пресврт на резултатот и поведовме со 15-16, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел на дуелот во салата при СОУ „Ристер Ристески-Ричко“ почна со доминација на црвено-црниот тим. Ние одлично го отворивме вториот дел, направивме неверојатна и клучна серија 1-8, со истата поведовме со осум гола позитива  16-24 и највивме дека ќе атакуваме на “цел плен“. Во продолжение ја имавме и  најголемата наша предност од осум погодоци кога поведовоме со 20-28, домаќинот се обиде да се врати, засили и успеа да влезе во финишот со негатива од само три гола,  27-30. Сепак нашите момци не беа расположени да ја испуштат предноста и одиграа мудро во финишот. На крајот победивме со резултат 28-32. Кај нас Трпчевски Стефан беше прв стрелец со 11 гола, гол помалку со двоцифрен учинок, 10 гола дуелот го заврши Димитровски Иван. 

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Петковски, Димов 7, Чакалиќ, Крстевски 1, Анастасовски 2, Мишевски, Трајковски, Димитров, Трпчевски 11, Николовски, Димитровски 10, Кукуловски, Атанасовски, Цветаноски.