Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ и Цвијиќ во составот на српската репрезентација, за претстојните квалификациски натпревари против Шведска
Лекиќ и Цвијиќ во составот на српската репрезентација, за претстојните квалификациски натпревари против Шведска

Лекиќ и Цвијиќ во составот на српската репрезентација, за претстојните квалификациски натпревари против Шведска

Две ракометарки на Вардар се најдоа на списокот на Српската женска ракометна репрезентација, за претстојните натпревари против Шведска, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Тоа се Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, кои добија повик од селекторот Обрадовиќ за претстојните натпревари против скандинавките.

Првиот дуел ќе се одигра на 21-ви март во Ниш, додека вториот е закажан за 24-ти март во Сковде. Во истава група се наоѓаат и Македонија и Фарски Острови, а првите две пласирани селекции од групата ќе обезбедат пласман на ЕП.