РК Вардар го одигра претпоследен натпревар во регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата или последен кој ќе го одиграат на гостински терен. Ние гостуваме во Нови Сад, на екипата на РК Војводина, натпревар нашите момци го добија со резултат 32-36 (13-17).
На почетокот ракометниот клуб Вардар поведе со 0-2, домаќинот се врати во продолжение и намали на 2-3 во 6.минута преку Трифковиќ. Се играше борбено, постојано ние водевме со еден два гола се до 17.минута кога се одлепивме прв пат на “плус три“, 7-10. Со таа предност по постојана игра гол за гол влеговме и во 29.минута кога на семафорот стоеше 12-15, набрзина преку Карачиќ и Македа постигнавме два гола за плус пет, 12-17. Домаќинот во последниот напад реализираше и на одмор заминавме со резултат 13-17 во корист на избраниците на Раул Гозалес.
Вториот дел со гол го отворивме ние преку Лука Циндриќ кој зголеми на пет гола позитива, 13-18 во 32.минута од овој натпревар. Се играше постојано гол за гол, нашата предност од пет гола ја зачувавме до средината на полувремето, па така со голот на Циндриќ во 45.минута од овој последен гостински СЕХА дуел за црвено-црните сезонава поведовме со резултат 23-28. Победникот на пет минути беше познат, ние повторно на семафорот бевме “пет чекори“ пред противникот, 27-32. Се до крајот беше рутина ние победивме со 32-36.
Кај нас Лука Циндриќ имаше 7 гола, а по 5 пати погодија Хорхе Македа и Игор Карачиќ.