Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат состав на ЖРК Вардар за балканското дерби со Будуќност
Познат состав на ЖРК Вардар  за балканското дерби со Будуќност

Познат состав на ЖРК Вардар за балканското дерби со Будуќност

Вечерва со почеток од 19:30 часот, вардарки го играат последниот натпревар во главната рунда од Лигата на Шампионите. Тие гостуваат во Подгорица, на екипата на Будуќност. Тренерскиот тандем, Дибирова-Парондо го објави составот на кој ќе смета за денешниот натпревар.

Вардар: Цвијиќ, Чандија, Керамичиева, Хмирова, Бајрамовска, Кликовац, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ, Пенезиќ, Лејно, Петровиќ,  Радичевиќ, Ристовска, Саздовска и Суслина.

Натпреварот можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1.