Денес во “Јане Сандански“ пред полни трибини во одлична атмосфера, со гласно навивање на Комити го запечативме пласманот во 1/4-финалето од ЛШ. Вардар вторпат го совлада Загреб и со вкупно 11 голови предност иде на дуел со П.Сегед. Победата дојде со резултат 32-30.
Отворивме со гол на Кристопан на почетокот за почетни 1-0. Потоа двата тима постигнаа по два гола за 3-2 на семафорот. Со двата гола на хрватските играчи, Чупиќ и Карачиќ вардарци му се одлепија на Загреб сна плус три, 5-2. Одлично ротиравме од клупата и овие три плус ги задржавме се до 9-6. Следеа наши минути па успеавме да го удвоиме водството и со голот на Шишкаарев од крило поведовме со 14-8. Парондо во игра го уфрли Горбок кој беше поздравен од салата, тој мина долг процес на опоравување. Покрај него Кисељев, Војводиќ, добија шанса и истата ја искористија со постигнување на погодоци. Сите линии на црвено-црните денес фунционираа одлично, на голот Калифа беше на ниво, одбраната беше одлична, па на одмор заминавме со 19-13 по голот на 2.секунди до крај на Горбок кој упати “бомба“ од над 10сетина метра.
Вториот дел започна со по еден гол за двата тима, ние и понатака бевме на шест гола предност. Првпат на плус седум денес отидовме во 35.минута кога погоди Иван Чупиќ за 22-15. Големата предност ни носеше комоција, во тие моменти заедно со првиот меч имавме 16плус во однос на ривалот па дојде до благо опуштање. Загреб со серија 1-4 намали на 23-19 во 40.минута од дуелот. Токму со таа предност од четири плус влеговме во последната четвртина од дуелот, на семафорот во 45.минута стоеше 26-22 кога Парондо го искористи второто право на “минута одмор“. Во последните 10.минути влеговме со минимална предност од еден гол, на семафорот стоеше 29-28 за црвено-црниот тим. Загребчани изедначија и на 30-30 во самиот финиш загрозувајќи ја нашата победа. По брз продор Сташ Скубе ја врати нашата предност на 2.минути и 10.секунди до крајот. Вардар одигра одлично во одбраната, Чупиќ погоди од пенал за 32-30, Калифа одбрани зицер и тоа беше крај на оваа сага.
Чупиќ погоди 9 пати, 4 гола беа дело на Дибиров, еден помалку имаше Карачиќ. Но она што радува е дека сите освен Фереира кои беа дел од составот погодија денес.