Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар во дербито за врвот го совладаа РК Бисинов
Пионерите на Вардар во дербито  за врвот го совладаа РК Бисинов

Пионерите на Вардар во дербито за врвот го совладаа РК Бисинов

Вчера во дербито од нашата група во пионерската лига, РК Вардар го пречека тимот на РК Бисинов од Велес, ова беше средба на два тима кои се борат за лидерската позиција на табелата. Победата во ова клучно дерби за врвот на табелата ја остварија момците на Зоран Петковски-Зенга кои победија со резултат 22-17.

279364537_667392614560546_217504571781147812_n

На почетокот на дуелот, гостинот поведе најпрвин со почетна предност од 0-1, а потоа се оделепи на три гола позитива во однос на нашите момци при резултат 2-5. Вардарци ја преземаа иницијативата, влегоа во ритам и со неверојатна серија од 6-1  направија целосен пресврт, ние поведовме со 8-6 на оваа средба. Успеавме во финишот и покрај налетите на тимот од Велес да ја зачуваме  позитивата и на одмор заминавме со резултат 11-09, колку што стоеше на семафорот во салата „Јане Сандански“.

279121491_884674208914672_1295310038690612777_n

Гостинот одлично го го отвори вториот дел, тие како и во првото полувреме беа подобри во воведните минути па успеаа да  врзат два гола и да дојдат на реми, 11-11, па така по само 2.минути игра бевме резултатски на изедначени. Сепак повторно бевме во налет,  врзавме три гола во серија и поведовме со 15-12. Момците на Зенга беа помотивирани и поквалитетни игри прикажаа, до крајот успеавме да победиме убедливо со пет гола предност, односно со резултат 22-17.

По пет гола на натпреварот дадоа Тевдовски Матеј  и Томислав Стаменков, додека три пати мрежата на велешани ја погоди Ангел Столески. Матеј Новаковски, Димитар Брзачки и Јован Божиновски имаа по 2 гола, во листата на стрелци се запишаа уште и Стефан Лазаревски, Никола Нечовски и Петар Настов со по 1 погодок. На нашиот гол се истакна Бошко Ѓорѓиевски кој имаше голем придонес во победата на Вардар.