Македонската ракометна репрезентација со две врзани победи и триумфална атмосфера ќе патува на Европското првенство во Хрватска. Тие вечерва во салата на Бањица во Белград. триумфираа над домашната селекција со 29-32 (13-14). Вчера во првиот дуел со Саудиска Арабија исто така триумфиравме.
На почетокот домаќинот имаше повеќе од играта па во 6.минута веќе водеше со 3-1. Ние брзо изедначивме во продолжение и се вративме резултатски во игра. Се играше борбено, цврсто и гол за гол во првиот дел. Двете селекции постојано го изедначуваа минималното водство на противникот.
Вториот дел го почнавме рамноправно, така се играше некаде до пред средината на полувремето. Успeавме да бидеме подобри во поле па поведовме со “три плус“ првпат при 20-23 во 47. минута. Цветковиќ ја смени одбраната и се обиде да се врати во натпреварот. Црвено-црниот состав сепак играше многу искусно и не дозволи изненадување во финишот.
Со победата од 29-32, Македонија првпат во историјата ја победи Србија на гостински терен. Нашиот капитен беше одличен, Стојанче Стоилов дуелот го заврши со пет гола. Пред него беа само Гоце Георгиевски кој беше најефикасен со осум гола и Филип Талески со шест. Вториот вардарец, Поповски стрелаше умешно на овој дуел еднаш.