Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ најдобар ракометар на Хрватска во 2017 година, Андреа Пенезиќ најдобра ракометарка
Лука Циндриќ најдобар ракометар на Хрватска во 2017 година, Андреа Пенезиќ најдобра ракометарка

Лука Циндриќ најдобар ракометар на Хрватска во 2017 година, Андреа Пенезиќ најдобра ракометарка

Хрватаскиот ракометен сојуз по 24-ти пат избираше најдобар ракометар и ракометарка, за изминатата 2017 година. Овогодинешното доделување на наградите се одржа во градот Сплит и тоа на полувремето на пријателскиот натпревар, помеѓу репрезентациите на Хрватска и Црна Гора.

За најдобар ракометар во 2017 година е прогласен Лука Циндриќ, за кој ова е прво вакво признание. Интересно во изборот, Лука ги победи своите соиграчи од Вардар, Иван Чупиќ и Игор Карачиќ, кои според бројот на освоени гласови завршија на второто и третото место. Циндриќ убедливо победи во изборот за најдобар ракометар, со вкупно 72 бодови, додека Иван Чупиќ имаше 45. На третото место Игор Карачиќ собра 21 глас. Четвртото и петтото место го заземаа Домагој Дувњак и Марко Мамиќ. Циндриќ успеа да освои се што можеше со Вардар во изминатата година и тој е еден од најзаслужните за освоената Европска титула, неговиот гол во последните секунди против Барселона, донесе големо финале во Лигата на Шампионите, кое црвено-црните успеаа да го добијат во своја корист, исто така со погодок во последната секунда, дело на второпласираниот во овој избор, Иван Чупиќ.

vardarfans-nagradi

За најдобра ракометарка е прогласена Андреа Пенезиќ од редовите на Вардар. Ова за Андреа беше дури осмо вакво признание, со кое постави рекорд, според бројот на најмногу добиени награди за најдобра ракометарка во Хрватска. Пенезиќ е најдобар стрелец на Вардар во последните сезони и очекувано е најдобар играч во својата земја.