Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Јуниор лига: Момците на РК Карпош Вардар и РК Филип обезбедија место во големото финале
Јуниор лига: Момците на РК Карпош Вардар и РК Филип обезбедија место во големото финале

Јуниор лига: Момците на РК Карпош Вардар и РК Филип обезбедија место во големото финале

Денес во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје започна со одигрување завршниот Ф-4 турнир кај момците родени 2004/2005 година во Јуниор Лигата. По првите полуфиналиња познати се екипите кои ќе се борат за пехарот во големото финале. Станува збор за РК Карпош Вардар и РК Филип Вардар.

a2-2

Тимот на Ј.Миодраг Црни, РК Карпош од Куманово во првото полуфинале беше подобар со доминантна игра и го совлада тимот на РК Ангели Вардар од Скопје со резултат 37-11. Тие тргнаа силовито со 4-0, противникот постигна гол кој како да ги налути па со серија 8-0 поведоа со 12-1. По овој момент веќе се беше познато кој ќе биде патник во големото финале. Од минута во минута ја зголемуваа предноста па на одмор заминаа со резултат 23-6.

Вториот дел започна како и првиот период со доминација на кумановскиот тим кој успеа со серија 5-1 да победа со над дваесет голови односно со резултат,28-7. До крајот остануваше само да се одработи мечот, кумановци искористија цел ростер со цел зачувување на свежината за попладне кога играат во финалето. Тие триумфираа со резултат 37-11.

a5-2
Втората средба беше по неизвесна, во неа РК Филип Вардар од Прилеп обезбеди финале со победа 17-15 над РК Урдаревски Вардар од Скопје. Дуелот почна изедначено со по два гола за почетни 2-2. Потоа уште неколку пати беше реми на семафорот, 4-4, 6-6 и на крајот 7-7. Со три гола во финишот тимот на РК Филип замина на одмор со резултат 10-7 во негова корист.

a4-2
Вториот дел започна со најголемото водство дотогаш на прилепчани, тие отидоа на четири плус откако погодија за 11-7. До крајот на дуелот го контролираа водството не давајќи да им биде загрозена победата која носеше финале. Единствено скопјани успеаа да ја преполоват негативата па беа поразени со два гола, 17-15 во ова полуфинале кое се одигра во малата сала при СЦ “Ј.Сандански“.

a3-2

Финалето во оваа категорија ќе се одигра во 13:40 часот, мечот за ‘бронза“ час претходно. Двата дуела ќе се игаат во малата сала при СЦЈС, по што ќе има церемонија на доделување на пехари и медали за најуспешните екипи и поединци.