Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2007 ја помина првата елиминациска пречка во детската лига
Вардаровата генер. 2007 ја помина првата елиминациска пречка во детската лига

Вардаровата генер. 2007 ја помина првата елиминациска пречка во детската лига

Вардаровата генерација 2007 успеа да ја помине првата елиминациска пречка во рамките на детската фудбалска лига. Тие утрово на терените на ФФМ ги добија своите противници.

Вардар (1) службено го доби мечот со екипата на Сарај (2) со оглед дека противникот не се појави на теренот, додека Вардар (2) пак беше убедлив на мечот со Њу Старс (1) кој го совлада со резултат 11:0.

1

Првиот директен удар го имаше противникот, откако нафрлија од корнер, а еден од нивните играчи биеше покрај голот, додека кај Вардар прв се закани Јорданоски кој биеѓе над голот. Набргу вардарци успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0, откако противничката мрежа ја затресе Иван Блажевски, по асистенција на Рајчин. Вардар имаше иниицјатива на овој меч, додека Њу Старс немаше ниту една посериозна шанса за загрозување на нашиот гол. Се обиде Рајчин, но одбрани голманот. Повторно истиов играч во прилика, но голманот на Њу Старс не дозволи нов погодок. Прашање на време беше кога ќе постигнме нов гол, а во шанса се најде и Мичо Поповски, но резултатот остана непроменет.

5

Токму Мичо Поповски успеа да го зголеми резултатот на 2:0, додека во нашса се најде и Војо Стојановски. Откако противникот направи три корни, судијата покажа на белата точка за Вардар, а сигурен реализатор е Лука Рајчин, кој го зголеми резултатот на 3:0. Во листата на стрелци се запиша и Војо Стојановски, кој од втора погоди за 4:0, додека резултатот од 5:0 на полувреме го постави Иван Блажевски.

И во вториот дел доминиравме на теренот, додека екипата на Њу Старс беше во подредена улога. Димчевски и Блажевски беа играчите кои се заканија по противничкиот гол, првиот шутира покрај гол, додека голманот одбрани во вториот удар. Со нов гол на Лука Рајчин, момците на Вардар веќе дојдоа до високо водство од 6:0.

4

На голот во вториот дел беше Јовица Спасовски кој се истакна со интервенција, тој го замени Антонио Пишовски кој беше на голот во првиот дел. Михаил Јорданоски денес заслужи да постигне гол, тоа и се случи кога токму со неговиот погодок зголемивме на 7:0, додека Лука Рајчин со силен удар успеа да зголеми на 8:0. Голема прилика имавме преку Иван Блажевски кој после додадена топка од Поповски, ја погоди само стативата. Со вториот гол на Михаил Јорданоски стигнавме до предност од 9:0, додека последните два гола н овој натпревар беа дело на Иван Блажевски, кој ги постави конечните 11:0 на овој меч.