Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со победа ја заокружи оваа календарска година
РК Вардар со победа ја заокружи оваа календарска година

РК Вардар со победа ја заокружи оваа календарска година

Вардар во голем стил го одигра последниот натпревар од оваа календарска година. Попладнево нашите момци со убедливи 30:35 (12:19) го победија тимот на Мешков Брест од Белорусија. Оваа година вардарци СЕХА лигата ја заврши на првото место на табелата со одличен биланс од 12 победи, две нерешени и само еден пораз.

Вардарци првиот дел го одиграа со многу голови во мрежата на противникот. Први со погодок отворија домаќините преку Павел Атман, но одма потоа во следната акција Вардар израмни со погодокот на Карачиќ. Во десеттата минута од натпреварот Вардар веќе имаше предност од 7:3 со голот на Иван Чупиќ. Како одминуваше натпреварот, така Вардар ја зголемуваше предноста, па така, во 19 минута со голот на Карачиќ, “црвено – црните” дојдоа до предност од шест голови разлика. Се до крајот на првиот дел, Вардар играше одлично како во одбраната, така и во нападот. Во нашиот тим во првиот дел имаше неколку играчи кои беа расположени за игра. Штербик првиот дел го заврши со осум одбрани, Карачиќ постигна 5 погодоци од исто толку обиди, а Чупиќ беше стрелец на четири. 

rkvardarВо вториот дел први со погодок отворија домаќините преку Рутенка. Во 37 минута од натпреварот Вардар имаше сигурна предност од 16:21. Во вториот дел од игра беше изваден најдобриот наш играч од првиот дел Карачиќ, исто така и Чупиќ во вториот дел ги замени позициите со Шишкарев. Во 41 минута од натпреварот резултатот гласеше 18:24 за Вардар. Потоа следуваше гол шоу на пикерот Стојковиќ во редовите на домаќинот. Во 44 минута, токму со голот на Стојковиќ, Мешков дојде до минус пет. Потоа следуваа два врзани погодокци на вардарци преку Марсениќ и Шишкарев за нови седум голови разлика. Се до 49 минута Мешков Брест врза неколку погодоци, и се доближи до минус четири. Во последните десет минути од мечот на голот на Вардар застана Ангелов, кој врза три одбрани во серија. Во следните четири минути немаше гол ниту на двете страни. Ангелов за неполни пет минути успеа да одбрани четири удари на домаќинот. Магијата на Диви продолжи и понатаму со нови две одбрани. На крај, мечот заврши со резултат 30:35

Најефикасни во Вардар денеска беа:
Карачиќ (5)
Душебаев (5)
Чупиќ (5)
Борозан (5)
Дибиров (5)