Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор лига“ : Во машкиот дел кај генер. 2002/03 победи за екипите на РК Урдаревски и РК Опш. Кисела Вода 1
“Јуниор лига“ : Во машкиот дел кај генер. 2002/03 победи за екипите на РК Урдаревски и РК Опш. Кисела Вода 1

“Јуниор лига“ : Во машкиот дел кај генер. 2002/03 победи за екипите на РК Урдаревски и РК Опш. Кисела Вода 1

На Кале во текот на денешниот ден се одиграа нови натпревари во рамките од шесттото коло на ракометната “Јуниор“ лига. Во машкиот дел кај генерација родени 2002/03 година победи забележаа екипите на РК Урдаревски и РК Опш. Кисела Вода-Вардар 1.

На првиот меч на денешната програма на Кале, тимот на РК Урдаревски беше подобар од РК Бисинов. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 25:8 во корист на Урдаревски. Бисинов имаше почетно водство од 0:1 и 1:2, но РК Урдаревски врати со серија од четири погодоци за прво одлепување од противникот (5:2). Намали Урдаревски за момент на 5:3, но Урдаревски постигнува шест последователни голови и зголемува на 11:3. На полувреме тие имаа убедливо водство од 12:4.

Ништо поразлично не се слушуваше ниту во вториот дел, РК Урдаревски домираше на теренот а Бисинов гледаше да не загуби со голема негатива. При резултат 15:6, Урдаревски прави нова серија од 7:0 за голема предност од 22:6. Последните минути беа рутина и натпреварот заврши со резултат 25:8. Далибор Тапарчевски беше најефикасен кај Урдаревски со 7 постигнати голови, кај РК Бисинов Петре Илиев постигна 3.

На вториот меч кај оваа генерација се сретнаа екипите на РК Кале и РК Опш. Кисела Вода-Вардар 1. Минимална победа забележа тимот на Кисела Вода-Вардар 1. Во текот на целиот меч Кисела Вода беше во водство, иако во чекор ги следеа РК Кале. Предноста во текот на првото полувреме за Кисела Вода се движеше од 1-2 гола разлика, за на полувреме да се замине со резултат 6:8.

Вториот дел започна со гол на Кисела Вода за највисоки три голови разлика (6:9). Сепак во следните пет минути екипата од Кичево успева да направи серија од 3:0 и по подолго време да го израмни резултатот на 9:9. До крајот следевме неизвесен натпревари, Кисела Вода повторно се одлепи на два гола и поведе со 12:14. Во последните три минути влегоа со ова водство, кое умешно го зачуваа до самиот крај, за конечни 14:16.

Филип Костов постигна 5 гола во победата на Кисела Вода, додека кај РК Кале се истакна Константин Љакоски со 4 погоци.