Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар се пласираа во 1/4-фин. на турнирот во БиХ
Пионерите на РК Вардар се пласираа во 1/4-фин. на турнирот во БиХ

Пионерите на РК Вардар се пласираа во 1/4-фин. на турнирот во БиХ

Пионерите на ракометниот клуб Вардар  успеаа да се пласираат во четвртфиналето на турнирот во БиХ. Тие успеаа да обезбедат место во утрешното 1/4-финале на ова натпреварување кое ќе се игра со почеток во 9-45 часот. Тие во четвртиот меч во групата вечерва се сретнаа со Загреб.

Вардарци одлично го отворија натпреварот, со гол отвори Дамјан Димитријевски за водство од 0:1 а Бојан Чакалиќ погоди и за предност од 0:4. Загреб првиот гол го постигна дури во 9 минута кога намали на 1:4. Следуваше уште еден гол на противникот за намалување на 2:4. Во следните минути се играше гол за гол, повторно погодува Чакалиќ за предност на црвено-црните од 4:6. До крајот на првиот дел екипата на Загреб успева да го израмни резултатот и на одмор ниедна од екипите немаа водство (6:6).

На стартот на вториот дел нашиот голман одбрани зицер удар на противникот и не дозволи тие да го имаат водството. Вардар успева сепак прв да погоди во вториот дел со гол од седум метри на Никола Жерновски и да поведе со 6:7. Во следните минути се игра гол за гол на двете страни. Најпрво Загреб успева да поведе со 9:8, но Вардарци ја вратија предноста во следните минути (11:12). Се играше доста неизвесно, двете екипи играа цврсто во одбраната и не дозволуваа лесни погодоци. Влеговме во последните пет минути, а резултатот на семафарот гласеше 13:13. На нецели две минути пред крајот Загреб постигнува гол и зголемува на 15:13. Не успеавме и на крајот го загубивме мечот  со резултат 16:14.