Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Важен триумф за нас со кој го обезбедивме првото место – Шишкарев: Ангелов и неговите одбрани беа важни во второто полувреме
Гонзалес: Важен триумф за нас со кој го обезбедивме првото место – Шишкарев: Ангелов и неговите одбрани беа важни во второто полувреме

Гонзалес: Важен триумф за нас со кој го обезбедивме првото место – Шишкарев: Ангелов и неговите одбрани беа важни во второто полувреме

Вардарци бргу се вратија на победите во СЕХА-лигата, откако на вчерашниот натпревар кој беше последен за оваа година беа подобри од екипата на Брест Мешков. Одлично издание за избраниците на Раул Гонзалес кои имаа предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Уште по ппрвото полувреме беше јасно кој ќе ги освои бодовите од одвој дебри меч во регионалната лига, кога на одмор Вардар имаше убедливо водство од 12:19. Во вториот дел не му дозволивме на противникот ниту во еден момент да се доближи на нашето водство и рутинирано го приведовме натпреварот кон својот крај. На тој начин со триумф ја завршивме годината, кој беше вкупно 12-ти во СЕХА-лигата, со кој се зацврстивме на првото место на табелата и речиси теоретски го обезбедивме учеството на нов завршен турнир во ова натпреварување. На прес-конференцијата по завршување на дуелот се обратија тренерот Гонзалес и Шишкарев.

-Ние сме среќни поради победата. Брест Мешков важи за силна екипа, особено кога игра на домашен терен. Мојот тим беше многу мотивиран, после поразот против екипата на ППД Загреб во Вараждин. Голманите беа одлилни, а добрата игра во првото полувреме можам да кажам дека беше клучот за победата. Важен триумф за нас со кој го обезбедивме првото место, истакна Раул Гонзалес.

Руското крило напомена дека Ангелов бил само дополнителен мотив за победата.

-Ние игравме добро од самиот почеток. Нашата одбрана беше совршена. Петар Ангелов и неговите одбрани беа важни во второто полувреме кои ни дадоа можност полесно да го приведеме натпреварот кон крајот, изјави Данил Шишкарев.