Избраничките на Симе Симовски го одиграа последниот меч во оваа 2017 година. Девојките по него заминуваат на заслужен зимски одмор, после кој ќе имаме мечеви на домашна сцена и во Купот Челинџ.
Во последното коло сезонава гостувавме во градот Гевгелија кај истоимената женска ракометна екипа. Нашите девојки од екипата на Вардар СЦЈС триумфираа со 22-29 (10-13). Во првиот дел водевме постојано, сепак Гевгеличанки постојано се доближуваа и ја загрозуваа нашата предност, сакајќи да бидат во постојан резултатски приклучок. Успеавме да се одлепиме минимално и на одмор да идеме со “три плус„, односно резултат 10-13.
Во второто полувреме домаќинот Гевгелија со два последователни гола намали на 12-13. Потоа ние со серија 0-3 се одлепуваме на 12-16, тоа беше прво водство од „плус четири”. Потоа се тргна во посакуван правец ние само го зголемувавме водството и однесовме победа со 22-29. По ова последно коло овој есенски дел го завршуваме на второто место на табелата во женската Супер лига. На пролет играме само едно коло од регуларниот дел и потоа играме плеј-офф.
ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (одбрани 8 топки), Прленда 2, Стојанова 7, Трпковска 8, К.Георгиевска, Николовска, Тодоровска, Нолевска 5, Петковска (одбрани 4 топки), Керамичиева, Георгиевска 4, Гичева, Велкова.
Гевгелија: Наумоска, Узунова 2, Мандалова, Беќарова, Чанкуловска 2, Љупова, Јованчева 4, Божинова 3, Ангеловска 2, Шутева 1, Атанасова, Митрова 8.