Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кристијан Јордановски: Имаме одличен тренер кој е еден од најдобрите во Македонија, ние сме Вардар и ќе атакуваме на двете титули оваа сезона
Кристијан Јордановски: Имаме одличен тренер кој е еден од најдобрите во Македонија, ние сме Вардар и ќе атакуваме на двете титули оваа сезона

Кристијан Јордановски: Имаме одличен тренер кој е еден од најдобрите во Македонија, ние сме Вардар и ќе атакуваме на двете титули оваа сезона

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се вицешампиони по завршување на есенскиот дел од првенствената сезона. Избраниците на Влатко Колев имаа одлична полусезона, каде забележаа девет победи, само еден пораз и нерешен резултат. Еден од стандардните играчи во оваа генерација е централниот дефанзивец, Кристијан Јордановски без кого неможе да се замисли последната одбранбената линија на Вардаровите кадети. Во продолжение од текстот можете да ги прочитате неговите впечатоци од изминатата полусезона во двете натпреварувања и очекувањата за пролетниот дел од сезоната.

-Полусезоната ја поминавме добро, не е одлично затоа што секогаш може подобро. Одигравме многу тешки натпревари од кој поголемиот дел ги добивме, вкупно 11 од кој на девет победивме еднаш изгубивме и еднаш одигравме нерешено. Ги победивме екипите на Академија Пандев, Пелистер, Победа, Милано, Шкупи, Гостивар, Шкендија, Брегалница и Ренова. Одигравме нерешено со Металург, а загубивме во дербито со екипата на Работнички.

Голема ќе биде битката за шампионската титула во првенството. По завршување на есенскиот дел, разликата помеѓу Работнички и Вардар е само еден единствен бод. Првиот натпревар на овие две екипи го доби противникот, кој беше и наш единствен пораз во првата полусезона.

vardarfans-jordanoski

-За мене лично најголем конкурент ни е Работнички, кој што ни бега на првата позиција само со еден бод, тим кој располага со одлични играчи. Поразот од Работнички не влијаеше на понатамошниот дел од утакмиците. На утакмицата со Работнички први дојдовме до водство преку нашиот најдобар играч и капитен Александар Трајчевски. Противникот дојде до гол во финишот на првото полувреме а наодмор заминавме со нерешен резултат 1:1. Во вториот дел рано поведе Работнички. Ние се обидувавме да постигнеме погодок, но на крајот гостите ги однесоа трите бода.

Кадетите на пролет ќе ги продолжат настапите во националниот куп, каде се пласираа во полуфиналето. Патот до тука беше тежок, откако црвено-црните ги елиминираа силните екипи на Шкендија и Шкупи. Интересно е што двата противника ги исфрливме од купот, дури по изведување на удари од белата точка.

-Исто така поминаваме одлично во куп натпреварувањето, каде ги елимиравме екипите на Шкендија и Шкупи. Треба да се напомене дека имавме среќа во двете утакмици, затоа што и двете ги добивме по изведување на пенал рулетот. Сега сме во полуфинале, каде го чекаме следниот противник, од екипите на Академија Пандев, Беласица или Работнички. Како што кажав на почетокот задоволен сум од играта и резултатите, но секогаш мора подобро и подобро ние сме Вардар и тоа го можеме.

15571270_1300603253343010_76788738_n

Секако голема заслуга за добрите игри и резултати на оваа Вардарова генерација има тренерот Влатко Колев, кој важи за еден од најдобрите стратези за младинскиот фудбал во Македонија. Јордановски ги напоменува и одличните услови за работа на академијата, каде имаат можност да тренираат во вечерен термин.

-Имаме одличен тренер пред се одлична личност и е еден од најдобрите во Македонија, може да се каже и најдобар. Како тренер има голема улога во досегашните резултати. Одличен мотиватор за каква и да станува збор утакмица. Треба да се напомене дека голема улога на досегашните резултати има и вечерното тренирање под рефлектори, кое ни овозможува цела екипа да се собереме и тренираме заедно. Ние сме Вардар и ќе атакуваме на двете титули и во првенство и во куп, изјави Кристијан Јордановски.

Звонко Ивановски