Денес на Кале продолжи програмата во “Јуниор“ лигата, со натпреварите од шесттото коло. Во женскиот дел кај генерација родени 2002/03 се одиграа два натпревари.
На првиот меч се сретнаа екипите на РК Будимир и РК Ново Лисиче. Овој дуел убедливо им припадна на РК Ново Лисиче предводен од Марија Аврамовска. Од самиот старт екипата на Ново Лисиче беше во постојана предност, а РК Будимир само еднаш успеа да го израмни резултатот на 1:1. Намалија и на 2:3, но од тоа минута следи голема серија на Ново Лисиче од седум последователни голови, со кои доаѓаат до предност од 2:10. До полувреме, РК Будимир ја намали разликата и на одмор се замина со резултат 5:11.
Во вториот дел по еден гол на двете страни на почетокот, по што Ново Лисиче повторно со серија од 0:3 стигнува до највисоки во тој момент 6:15. Пред крајот на натпреварот избраничките на Аврамовска стигнуваат и до двоцифрена предност од 7:17. Последните минути беа рутина за Ново Лисиче, кој славеше со убедливи 8:19. Јана Василева беше вистински предводник кај Ново Лисиче со 10 постигнати голови, кај РК Будимир Ева Атанасова беше најефикасна со 4 погодоци.
На вториот натпревар кај оваа генерација, РК Шампион Вардар под водство на Лина Треноска и Слободан Чивлачки беа подобри од екипата на Опш.Кисела Вода. Во третата минута резултатот беше израмнет на 1:1, по што следеше серија на РК Шампион од пет последователни голови за водство од 6:1. На полувреме се замина со резултат 6:2.
Во вториот дел продолжи серијата на Шампион за веќе убедливи 8:2, по што беше јасно кој ќе победникот на овој меч. РК Шампион беше подобрата екипа на натпреварот и на крајот заслужено победи со резултат 12:5. Мила Филипова денес одигра одличен меч постигнувајќи дури 9 голови, додека кај поразените Александра Миленковска беше стрелец на 4 погодоци.