Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Филип Талески најдобар стрелец во триумфот на Македонија против Луксембург
Филип Талески најдобар стрелец во триумфот на Македонија против Луксембург

Филип Талески најдобар стрелец во триумфот на Македонија против Луксембург

Ракометната репрезентација на Македонија славеше на гостувањето кај Луксембруг (23:28), на натпревар од квалификациите за ЕП 2024.

Избраниците на Кирил Лазаров во вториот дел го скршија отпорот на противникот, со оглед дека на полувреме имаа позитива од само два гола разлика (12:14). Во најголем дел од првиот дел, домашната репрезентација имаше и предност која се движеше од 1-2 гола разлика, сепак Македонија со една добра серија успеа да направи пресврт, дури и да поведе со 11:14, за на полувреме да има позитива од два гола.

Во вториот дел, си дојдоа работите на свое место, последната резултатска неизвесност беше при резултат 16:17, кога момците на Лазаров започнаа да играат поангажирано и да се одлепуваат од противникот. На крајот стигнавме до триумф со резултат 23:28.

Најефикасен во нашиот состав беше Филип Талески со 8 голови, додека од вардаровите играчи во листата на стрелци се запиша и Гоце Георгиевски кој беше стрелец на 3 гола.