Славеа „вардарци“ и во вториот натпревар против МЗТ Скопје Уни Банка (90:82) и обезбедија полуфинале во плеј-офот.
Гостите од „соседната сала“ одиграа многу подобро во првото полувреме. Го решија во своја корист со двоцифрена предност (48:37). Само како „надградба“ на водството кое „црвено-црните“ го има и по десет минути од играта (21:18).
На средина на третиот дел домашната екипа се доближи на 57-61, а на истекот на тој период, беа уште поблоску до пресврт (68:69).
Но тоа беше се од екипата на МЗТ Скопје Уни банка на овој втор меч. „вардарци“ најдоа решение да се одбранат од тој последне нашад на противникот, и до крајот на натпреварот успејаа да с еодбранат , и да се пласираат во полуфиналето.
Атанасов уфрли 16, Коцев имаше 15, а Бајрам и Митков додадоа по 14.поени за Вардар.
Карло Блажевски даде 21.поен, неговиот брат, Паоло Блажевски реализираше 16, Ангелковски 12, а Стојковски уште 11. поени за МЗТ Скопје Уни Банка која го заврши настапот во оваа сезона во Втората лига-мажи.