Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победнички старт на пролетта за пионерите на РК Вардар, момците на Зенга славеа на гостувањето во Куманово
Победнички старт на пролетта за пионерите на РК Вардар, момците на Зенга славеа на гостувањето во Куманово

Победнички старт на пролетта за пионерите на РК Вардар, момците на Зенга славеа на гостувањето во Куманово

Пионерите на РК Вардар 1961 со победа го стартуваа вториот дел од сезоната. Во рамките на групата А во која се наоѓаат црвено-црните, нашиот состав вчера гостуваше во Куманово кај истоимената екипа. До победа стигна Вардар со конечен резултат од 11:14.

Момците на Зоран Петковски-Зенга имаа предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до бодовите. Го отворивме натпреварот со два последоавтелни голови, додека во три наврати имавме и позитива од три гола разлика (2:5, 3:6) и 4:7, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во првите три минути од натпреварот домашниот тим на Куманово се доближи на само еден гол разлика (7:8), но вардаровите надежи не дозволија пресврт, ниту пак некакво возбудување до крајот на натпреварот. Со добра игра во одбраната и ефикасно во нападот, повторно се одлепивме на три гола разлика (8:11), а победникот беше решен кога стигнавме и до 9:13, така последните минути од мечот беа рутина за момците на Зенга, кои славеа победа со резултат 11:14.

Петар Илиевски беше најефикасен со 3 гола, додека пет ракометари од нашите редови имаа по 2 погодоци, се работи за Никол Нечовски, Јован Божиновски, Ангел Столески, Димитар Брзачки и Томислав Стаменков. Во листата на стрелци се запиша и Стефан Лазаревски со 1 погодок.

Од четири одиграни натпревар, пионерите на Вардар имаа скор од три победи и еден пораз.