Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор лига:(ФОТО) Кај машките во генер. 2004/05 убедлива победа за РК Урдаревски
“Јуниор лига:(ФОТО) Кај машките во генер. 2004/05 убедлива победа за РК Урдаревски

“Јуниор лига:(ФОТО) Кај машките во генер. 2004/05 убедлива победа за РК Урдаревски

Во единствениот натпревар во машка конкуренција, кај генерација родени 2004/05 во рамките на Јуниор лигата се сретнаа екипите на РК Урдаревски и РК Вардар ДБ. Победата им припадна на екипата на РК Урдаревски.

Натпреварите во оваа генерација се играат во две полувремиња, по 15 минути. Во првите пет минути се играше доста израмнето и резултатот на семафорот гласеше 3:3. Сепак до крајот на првиот дел следиме доминација на РК Урдаревски кој прави серија од 1:6 и на одмор заминува со водство од 4:9. Во вториот дел на стартот по еден гол на двете страни,од 1: по што следи нова голема  серија на Урдаревски за конечен резултат од 5:14. Благоја Петровски беше вистински лидер во својот тим со дури 10 постигнати голови. Кај поразените Тино Станоев беше стрелец на 2 погодоци.

Ви пренесуваме фотогалерија од овој натпревар.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10