Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Јуниор лига“: Победи за женските екипи на РК Кастратовиќ и РК Опш.Кисела Вода-Вардар 1 кај генер. “2004/05
“Јуниор лига“: Победи за женските екипи на РК Кастратовиќ и РК Опш.Кисела Вода-Вардар 1 кај генер. “2004/05

“Јуниор лига“: Победи за женските екипи на РК Кастратовиќ и РК Опш.Кисела Вода-Вардар 1 кај генер. “2004/05

Денес продолжија натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига, во рамките на шестото коло од ова натпреварување. Програмата започна на Кале со мечевите од женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година. Победи забележаа екипите на РК Кастратовиќ и РК Опш.Кисела Вода-Вардар 1.

vardarfans-pobeda-za-kastratovic

Ракометната школа на Кастратовиќ продолжува со добрите игри во “Јуниор“ лигата. Тие денес за противник ја имаа Опш.Кисела Вода-Вардар 3 која ја совладаа со резултат 11:5. Уште од самиот старт избраничките на Здравка Дамовска имаа водство, поведоа со 3:1, за момент Кисела Вода намали на 3:2, но до крајот на првиот дел, Кастратовиќ постигна четири последователни голови и на полувреме замина со водство од 6:2. Серијата продолжи и во вториот дел, кога РК Кастратовиќ зголеми на 8:2. Стекнатото водство им овозможи да влезат во мирна завршница и на крај да слават нова победа. Ива Младеновска беше најдобар стрелец со 5 погодоци . Кај Кисела Вода, Матеа Алебиќ постигна 3 гола, додека Марија Смилковска 2.

vardarfans-rk-kisela-voda-vardar-3

На вториот натпревар кај оваа генерација, Опш.Кисела Вода-Вардар 1 триумфираше против екипата на РК Вардар ДБ. Екипата од Кавадарци прва го отвори резултатот, но Кисела Вода врати со серија од 0:6 за водство од 1:6. Последниот гол во првото полувреме им припадна на РК Вардар ДБ, по што на полувреме се замина со резултат 2:6.

vardarfans-igra

Кавдарчани први постигнаа гол и во вториот дел за намалување на 3:6, но повторно Кисела Вода врати со серија од 0:3 за највисоки 3:9. Во последните пет минути РК Вардар ДБ со два гола ја намали негативата, за конечен резултат од 5:9. Надица Јованова постигна 3 гола кај поразениот тим, додека кај Кисела Вода-Вардар 1  највеќе се истакна Андреа Миланова со 4 погодоци.

vardarfans-kisela-voda-1

vardarfans-rk-vardar-db