Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа за РК Вардар 2 против Металург Јуниор, на контролен меч одигран во Автокоманда

Победа за РК Вардар 2 против Металург Јуниор, на контролен меч одигран во Автокоманда

Екипата на РК Вардар 2 продолжува со одигрување на контролни натпревари, како подготвени би го дочекале стартот на новата сезона во првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски спарингуваа со екипата на Металург Јуниор. Овој меч се одигра во Автокоманда и им припадна на црвено-црните со резултат 33:27.

Во текот на целиот дуел имавме постојано водство и го контролиравме резултатот. По првото полувреме водевме со резултат 17:15. Пристапот на овој меч беше на високо ниво од сите играчи кои добија шанса да играат и се однесуваа на теренот како вистински професионалци. Со ваков пристап можеме многу да очекуваме од оваа надежна генерација на ракометниот клуб Вардар. Се функционираше беспрекорно и екипата предводена од Зоран Петковски може подготвена да го дочека првенството. До стартот на новата сезона, кој е најавен за 1/2 октомври, Вардар 2 ќе гостува во Струга на истоименета екипа. Последна проверка за формата ќе биде во сабота против екипата на Куманово, на гостински терен.

Црвено-црните одиграа неколку контролни мечеви, а прикажаната игра ветува дека можат да го повторат успехот на нивните колеги од минатата сезона, иако се работи за многу млада екипа составена од играчи кои изминатава сезона настапуваа во младинските категории на РК Вардар.