Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во сабота стартува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардаровите генер. “2004“ и “2007“ ќе го бранат трофејот освоен од минатата сезона
Во сабота стартува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардаровите генер. “2004“ и “2007“ ќе го бранат трофејот освоен од минатата сезона

Во сабота стартува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардаровите генер. “2004“ и “2007“ ќе го бранат трофејот освоен од минатата сезона

Во сабота и официјално започнува новата сезона во детската фудбалска лига. Натпреварите ќе се играа на терените на фудбалската федерација на Македонија и ФК Работнички. Оваа сезона има мали промени во однос на учеството на генерации. Како што веќе знаеме генерациите родени “2002“  “2003“ година се натпреваруваат во посебна меѓурегионална лига, додека новитет во оваа сезона е приклучување во натпреварувањето на генерацијата “2008“. Фудбалскиот клуб Вардар во сите освен во најмалата категорија ќе се натпреварува со две свое екипи. Генерациите “2004“ и “2007“ го бранат трофејот освоен од минатата сезона. Вардарците родени “2005“ се вицешампиони, “2006“ стигнаа до четвртфиналето, а нашите најмали Вардарци од “2008“ ќе дебитираат во оваа лига.

Ви го претставуваме целосниот распоред на Вардаровите екипи во ова прво коло од детската лига:

 

ФК Вардар (1) генер. “2004’ – Сарај  11:20

ФК Вардар (2) генер “2004“ – Форца   12:30

ФК Вардар (1) генер. “2005“ – Кул Здравје  17:00

ФК Вардар (2) генер. “2005“ – Форца   14:00

ФК Вардар (1) генер. “2006“ – Скупи  14:00

ФК Вардар (2) генер. “2006“ – Скупи   12:00

ФК Вардар (1) генер. “2007’ – Њу Старс  15:00

ФК Вардар (2) генер. “2007“ – Драчево Јуниор 13:00

ФК Вардар генер. “2008“ – Њу Старс   11:15