Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Купот е завршена работа, недела следен предизвик за Вардар гостување во Тетово кај Ренова
Купот е завршена работа, недела следен предизвик за Вардар гостување во Тетово кај Ренова

Купот е завршена работа, недела следен предизвик за Вардар гостување во Тетово кај Ренова

Вардар со пресврт во Кичево во дуел од 1/8 финалето обезбедивме победа кај вторилигашот Влазерими. Избраниците на Гоце Седлоски по првите 45 минути губеа со 1-0, а во вториот дел смогнаа сили и направија пресврт 1-3 за “визизирање “ на следната 1/-4 финална рунда во Купот. Сепак тоа веќе е зад нас ние се наоѓаме во период од  две недели кога вардарци ги очекува згуснат и пеколен распоред.

Во истиот треба   за 15 дена да се одиграат дури пет меча, односно ќе имаат натпревари секој речиси трет ден. Веќе два се зад нас тој со Работнички и тој со Влазерими. Викендов играме дуел во првата лига со ФК Ренова во Тетово и сите фокуси се префрлуваат на тој дуел. Мечот е закажан за на 25-ти септемви недела. По овој дуел продолжува забрзаното темпо, во  средата  на 28 септември го играме домашниот дуел со екипата на битолски Пелистер.  Последниот петти натпревар во низава е дуелот кај Силекс во гости на 2-ри октомври. Кратово е последен во ова серија по која престои пауза во првенството се до 16-ти октомври поради репрезентативни термини. Со Ренова  дуелот ќе се игра со почеток во 15-30 часот на Градскиот стадион во Тетово. Тоа ќе биде дуел на најдобрите две одбрани во лигата кои имаат примено само по два погодоци во својата мрежа на шест дуели, односно примат еден гол на три меча. вардаровиот напад е речиси четири пати поефикасен ние имаме 15 гола, а “гипсарите“ само четири постигнати. Вардар е лидер со 16 бода, а  тетовчани се петти со 9 осовени бода. Во последните пет меѓусебни средби имаме четири победи и само еден реми исход со Ренова.