Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Овче Поле прв домашен предизвик за Вардар СЦЈС

ЖРК Овче Поле прв домашен предизвик за Вардар СЦЈС

Минатата недела стартуваше женската ракометна Супер лига , а веќе викендов на програмата е второто коло од истата. Црвено-црните млади девојки од екипата на ЖРК Вардар СЦЈС во второто коло се домаќини за прв пат во единствената женска ракометна конкуренција оваа сезона. Тие во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански “ ќе ја пречекаат екипата на ЖРК Овче Поле во овој дуел од второто коло.

Избраничките на Симе Симовски кои ја бранат вице-шампионската титула од изминатата сезона во првото коло нагости одиграа дерби со конкурентот за таа позиција екипата од Автокоманда тимот на ЖРК Металург. Во тој натпревар бевме тесно поразени  со гол во последните секунди од дуелот. Резултатот по 60 минути игра во Автокоманда беше  со 22-21, а тој на полувремето беше нерешен 10-10.  Прв стрелец во нашиот тим на тој меч беше  Керамичиева со 7 погодоци. Мечот со екипата на Овче Поле е закажан за во сабота на 24-ти септември и на истиот ќе атакуваме на првата победа за нас оваа сезона.  Интересен факт е дека нашите следни ривалки во првото коло победија дома со резултат со кој ние бевме поразени во Автокоманда, тие во дуелот со ЖРК Пелистер беа поуспешни со 22-21. Во следното трето коло повторно гостуваме, овој пат во Куманово кај истоимената женска ракометна екипа.