Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одлично прво и рутинско второ полувреме, за победнички крај на годината за РК Вардар кој ја совлада Стеауа
Одлично прво и рутинско второ полувреме, за победнички крај на годината за РК Вардар кој ја совлада Стеауа

Одлично прво и рутинско второ полувреме, за победнички крај на годината за РК Вардар кој ја совлада Стеауа

Вардарци со победа ја завршија 2018 година, откако славеа на гостувањето кај екипата на Стеауа од Букурешт, што беше сезонава и втор триумф во дуелите со овој противник.

Иако настапивме со комбиниран состав, тоа не претставуваше проблем за Вардар да го порази домашниот тим. Само во два наврати домашниот тим успеа да го израмни резултататот и тоа во првите 4.минути кога резултатот гласеше 1:1 и 2:2, за во следните минути, избраниците на Парондо да направат серија од 0:4 и во 7.минута да поведеме со 2:6. Стрелците во Вардар се менуваа како на филмска лента, а шпанскиот стратег често ротираше со составот. При резултат 5:11 направивме нова серија кога постигнавме четири последователни голови и стигнавме до двоцифрена предност од 5:15 во 21.минута. Самиот факт што противничкиот голман својата прва одбрана ја имаше во 20 минута од мечот говори за случувањата на теренот, додека на нашиот гол, Милосављев одличен, по првиот дел имаше шест интервенции. Започнавме да постигнуваме голови од контра-напади, а Поповски беше главен изведувач на ударите од седум метри, така во првото полувреме успеа да реализира три од четири обиди од оваа позиција. Во листата на стрелци се запишаа и младите Оцвирк, но и големата надеж на Вардар на пикерската позиција, Стефан Атанасовски кој по влегувањето во игра успева да изнуди пенал и искучување за противнички играч, а во следниот обид и да го постигне својот прв гол на денешниот дуел.До крајот на првиот дел го задржавме двоцифреното водство и на одмор заминуваме со резултат 10:21. Македонскиот репрезентативец одличен во првите 30 минути, постигна 7 голови од 8 обиди, а во одбраната во првото полувреме играше и Кукуловски. Во игра во првиот дел не влегоа само Скубе, Димов и голманот Кизиќ.

 Второто полувреме започна со гол на Поповски, но во следните пет минути, противникот направи серија од 4:1 и намали на 14:23, од кои два беа од гол на гол, откако се решивме во напад да играме без голман. Милосављев стигна до својата осма одбрана, додека Карачиќ промаши чист зицер удар од контра, но затоа двоцифрената разлика ја врати Кисељев кој погоди за 14:24. Во овој дел од мечот се разбрани домашниот голман, Ренани Мохсен кој стигна до седум одбрани, кој овозможи неговиот тим да ја симне разликата на осум голови. Втор промашен зицер на денешниот меч за Глеб Калараш кој не се снаоѓа најдобро во нападот, тоа го казнува Стеауа која со нова мини серија од два погодоци успеа во 46 минута да намали на само шест голови ралика (20:26). Шанса на голот доби и Кизиќ, додека Поповски го постигна својот десетти гол на овој меч кој полека се ближеше до својот крај. Шанса да се запише во листата на стрелци доби и Мартин Димов кој реализира од седум метри за водство од 27:33, како и Дејан Кукуловски. На крајот рутински триумф за Вардар со резултат 30:34.

Најефикасен беше Поповски со 10 голови, додека Кисељев беше стрелец на 9 гола. Ова беше 11-сета победа во СЕХА-лигата, со која останавме на врвот на табелата