Во текот на вчерашниот ден финишираше Европското ракометно првенство за жени кое се одигра во Франција. Токму домашната селекција успеа да го осви златниот медал откако во големото финале беа подобри од селекцијата на Русија (24:21). На тој начин Франција успеа да ја обедини Светската и Европската титула, инаку ова за триколорките е прв трофеј од Европските првенства.
Дел од златната селекција на Франција беа и поранешни ракометарки на Вардар, кои имаа значајна улога во освоениот златен медал. Најефикасна на финалниот дуел кај победникот беше Лакрабер која постигна шест голови, додека одлична на голот беше Амандин Лејно, довчерашната миленичка на вардаровите навивачи. Во составот на Франција во големото финале беа и Алисон Пино како и Сираба Дембеле, исто така поранешни членови на ЖРК Вардар. Третото место и припадна на Холандија која во малото “финале„ беше подобра од Романија.