Ракометарите на Вардар се вратија на победите во домашната Супер Лига. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, избраниците на Веселин Вујовиќ убедливо ја победија екипата на ГРК Тиквеш со резултат 34:27.
Вардарци и со половина сили успеаа да стигнат до нов триумф во лигата и на тој начин да се вратат после непријатниот пораз од минатото коло против екипата на Еурофарм Пелистер 2. На стартот од натпреварот, екипата на Тиквеш даваше отпор и воспоставуваше некаква резултатска рамнотежа, но црвено-црните после истекот на првите 30 минути имаа предност од 18:13, а десет голови во овој период за Вардар постигна Тимур Дибиров.
Во вториот дел, Вујовиќ им даде шанса за игра и на младите ракометари, како Савревски, Карапалевски, Крстевски, Ќосевски, Мишевски и Атанасовски, но тука беа и поискусните ракометари. Имавме контрола на резултатот, стигнавме и до двоцифрена предност, за противникот во последните пет минути да ја намали негативата и да се избори за достоен пораз.
Најефикасен ка Вардар беше Дибиров со 11 голови, додека по 4 имаа Савревски и Кудуз.