Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Марио Ричков ги одигра сите 90 минути за Македонија У18 на контролниот натпревар со Воска
Марио Ричков ги одигра сите 90 минути за Македонија У18 на контролниот натпревар со Воска

Марио Ричков ги одигра сите 90 минути за Македонија У18 на контролниот натпревар со Воска

Избраниците на Неџат Шабани, репрезентативците на Македонија до 18 години се наоѓаат на тренинг камп во Охрид, каде вчера го одиграа првиот контролен натпревар. Противник им беше екипата на Воска, која се наоѓа на второто место во Втората Лига-Запад.

Екипата на Воска успеа да ги победи младите репрезентативци на Македонија со резултат 2:1. Единствениот играч од редовите на Вардар кој е дел од Македонија, Марио Ричков, се најде во стартниот состав и го одигра целиот натпревар.

Во сабота, оваа репрезентација ќе одигра уште еден натпревар, противник ќе им биде екипата на Охрид.