Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се наоѓа во победничка серија пред дербито со екипата на Силекс
Вардар се наоѓа во победничка серија пред дербито со екипата на Силекс

Вардар се наоѓа во победничка серија пред дербито со екипата на Силекс

Вардар успеа да стигне го нова победа во рамките на Втората Лига-Запад и на тој начин да се доближи на само еден бод заостанување зад второпласираниот тим на Воска, кој на домашен терен беше изненаден и поразен од екипата на Гостивар.

Момците на Никола Глигоров се наоѓаат во победничка серија и добра форма во пресрет на дерби натпреварот од 11.коло против екипата на Силекс, кој е закажан за следниот викенд, со оглед дека ќе има пауза поради настапи на сениорската репрезентација.

Комплетни резултати од 10.коло:

Силекс – Кадино  7:0

Беса 1976 – Охрид Лихнидос  0:2

Велешта – Тетекс  1953  2:1

Воска Спорт – КФГ Гостивар   0:1

Вардар – Кораби  1:0

На табелата, Силекс останува прв со 28 бодови, Воска е второпласирана со 21 бод, додека Вардар има 20 бодови на табелата.