По двете воведни кола со две убедливи победи над Чаир и Спартак на домашен терен, младинскиот тим на ЖРК Вардар е лидер на табелата во групата-А. Од првата рунда на дуели ни останува само третто коло во кое сме гости.
Во недела (14/11/2021) гостуваме во Струмица кај тимот на ЖРК Струма. Натпреварот кој ќе се игра со салата „Димитар Влахов “ е закажан со почеток во 15-00 часот. Ракометната правда на истиот ќе ја делат судиите: Илија Батанџиев и Илија Стојанов од Гевгелија.