Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металург покажа “заби“, но Вардар победи и најави освојување на нова титула
Металург покажа “заби“, но Вардар победи и најави освојување на нова титула

Металург покажа “заби“, но Вардар победи и најави освојување на нова титула

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански се одигра дерби натпреварот од супер-лигата, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Иако Металург покажа “заби“ и сила во текот на целиот натпревар, нашиот ракометен шампион сепак на крајот се радуваше на победата. Во текот на целиот меч имавме постојано водство, иако на моменти гостинот се доближуваше.

Гостинската екипа од Автокоманда доста мотивирано го започна овој натпревар, на кој во првите пет минути се играше израмнето. Дуелот со гол го отвори Карачиќ за водство од 1:0, додека следните два погодоци беа дело на Хорхе Македа. На голот започна Страхиња Милиќ и по пет минути игра имаше забележано две одбрани. Металург во 8 минута од мечот го имаше првото водство од 2:3. Во следните минути се играше гол за гол на двете страни, до моментот кога при предност на црвено-црните од 6:5, противникот успева со три гола во серија да поведе со 6:8 во 20 минута. Ова како да го разлути нашиот состав, кој заигра многу поцврсто во одбраната и враќа во иста мерка, за враќање на водството од 9:8. На Дибиров не му одеше баш најдобро, кој пронаши два удари од своја позиција, па Гонзалаес се одлучи во игра да го внесе Манасков, кој до крајот на првото полувреме погоди на два пати од седум метри и еднаш од крилна позиција. Полседните четири минути од првиот дел им припадна на Вардарци, кои со нова серија успеаа на одмор да заминат со три гола позитива 14:11.

Стартот на второто полувреме му припадна на Металург, кој ја намали негативата на само еден гол 15:14 и повторно донесе резултатска неизвесност. Милиќ солидно го бранеше натпреварот, успеа да скроти удар од седум метри, што ни овозможи враќање на трите гола предност 18:15. На спротивната страна одличниот Дупјанчанец е виновникот што Вардар не успева резултатски да се одлепи. На два пати одбранува удар од седум метри на нашите играчи. Голема борба се водеше на теренот, одбраните имаа главна улога. Со погодокот на Душебаев зголемуваме на 21:18 во 50 минута од мечот. Црвено-црните беа екипата која ја контролираше играта и резултатот. По неколку промашувања на двете страни, Манасков погодува за највисоки на овој натпревар 23:19, на пет минути до крајот. Најдобар играч во нашите редови во последните минути беше Лука Циндриќ, кој ја одржуваше предноста. Металург имаше можнсот да намали на два гола негатива, но Милиќ со нова интервенција му овозможува контра-напад на Манасков, кој погодува за 26:22. Овој резултат беше и конечен на овој меч.

Манасков беше најефикасен со 6 гола. Македа постигна 5, додека Циндриќ 4 погодоци. Ова е третта победа за Вардарци во плејофот. Веќе утре гостуваме на екипата на Макс-Струмица.