Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голем отпор на Пик Сегед, но европскиот првак Вардар со нова победа во ЛШ
Голем отпор на Пик Сегед, но европскиот првак Вардар со нова победа во ЛШ

Голем отпор на Пик Сегед, но европскиот првак Вардар со нова победа во ЛШ

Европскиот ракометен шампион денес ги продолжi настапите во најголемото натпреварување, тие забележаа  победа против унгарскиот вице-првак Пик Сегед. Овој триумф  значи речиси обезбедено прво место во најсилната група А и директен пласман во четврфиналето на ЛШ, по вчерашниот “кикс“ на Нант во Загреб. Момците на Гонзалес во еден тежок дуел победија со резултат 34-30 (16-14).

x12

Дека гледавме неизвесно прво полувреме говори фактот, што дури во 30 минута една од екипите имаше предност поголема од еден гол разлика. Во текот на сите 29 минути, и Вардар и Пик Сегед постојано се менуваа во предност, но ниту една од екипите немаа поголемо водство од еден гол. Во првите десет минути при наше водство, Кристопанс имаше две неуспешни додавања до Марсениќ, па им овозможи во контра напад на унгарците да постигнат два гола и да ја превземат предноста. Избраниците на Пастор играа цврста одбрана и им пружија силен отпор на црвено-црните на овој натпревар. Гонзалес во нападот започна со Шишкарев и Дибиров како крила, на пикер беше Марсениќ, додека бековска линија ја сочинуваа Кристопанс, Циндриќ и Кањелас. Подоцна на средината на првиот дел направи ротации, со вклучувањето во игра на Македа и Борозан, но сепак одбраната на противникот беше силна, на моменти и група, па судиската двојка им додели само едно исклучување на Пик Сегед во првото полувреме. Штербик имаше пет одбрани, а најблиску да стигнеме до посакуваните два гола, беше Циндриќ кој не успеа да реалиира од ударот од седум метри. Конечно на 30 секунди пред крајот откако претходно одбрани Штербик, изведовме брз контра-напад, кој во гол го претвара Шишкарев. Пик Сегед не успеа да реализира, по што останаа седум секунди игра и напад за Вардар, откако претходно Гонзалес побара минута одмор. Карачиќ биеше во последниот напад, но на голот одбрани Сиера, кој добро го чуваше својот гол во првото полувреме. По истекот на првите 30 минути резултатот на семафорот гласеше 16:14.

x11

Вториот дел го почнавме со гол за црвено-црниот состав, ние преку Кањелас успеавме да зголемиме на 17-14 во првиот напад за нас во вториот дел. Се играше борбено, на двете страни. Вардарци успеаа да се одлепат на плус пет по  8.минути игра поведувајќи со 21-16. Следеa  потоа  минути на Пик Сегед тие во наредните 10.минути беа подобар тим и намалија на само 25-24, притоа имаа и напад за изедначување на резултатот. На нашиот гол Милиќ-Џамбо одбрани фантатично, а тоа со атрактивен гол во напад го награди Тимир Дибиров за предност од 26-24. Русинот денес блескаше па така точно на 10.мин до крајот го постигна неговвиот 10-ти гол денес кога од пенал погоди за 28-26. Постојано беше еден-два разлика за нас, “висевме“  се до 31-29, кога украдовме две топки и погодивме преку цел терен на празен гол со што поведовме со 33-29 на 130секунди до крајот. Преку цел терен лесно погодија најпрвин Даниил Шишкарев, потоа и Игор Карачиќ. До крајаот се беше формалност ние победивме со 34-30.

x13

Кај нас прв стрелец беше Тимур Дибиров со фантастични 11  постигнати гола, Лука  Циндриќ беше втор стрелец  со  6 гола, а  Шишкарев  имаше гол помалку.