Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победата во Германија против Рајн-Некар, можеби и најдобрата партија за Вардарци во изминатава сезона
Победата во Германија против Рајн-Некар, можеби и најдобрата партија за Вардарци во изминатава сезона

Победата во Германија против Рајн-Некар, можеби и најдобрата партија за Вардарци во изминатава сезона

Имаше многу убедливи и важни победи за избраниците на Раул Гонзалес во изминатава сезона, но сигурно најслатка беше онаа издвојувана во сред Германија, против екипата на Рајн-Некар Ловен. Иако бевме потценети со одлуката на германците да играат во сала со мал капaцитет, тоа на крајот им се удри во глава. Во стилот на екипите од Бундес-лигата, црвено-црните како брз воз го прегазија противникот и тоа на нивни терен. Тоа сигурно беше една од најубедливите игри за нашиот тим во сезоната која заврши.

Во текот на целиот натпревар имавме висока предност, а домашната екипа ниту во еден момент не беше рамноправен противник. Нашите бекови “пукаа“ од сите страни, дополнети со брзите контри на Дибиров и со феноменалните одбрани на нашиот “џин“ го полневме голот на Некар-Ловен. Генсхајмер беше тотално во сенка на летачкиот Дибиров, а Ландин беше свесен дека е далеку од класата на Штербик. На тој дуел, Карачиќ беше наш најефикасен играч со 8 кола, одигрувајќи го можеби најдобриот меч во неговата кариера. Тренерот на противникот на неколку пати се обидуваше да ги смири и врати своите момци во игра, но се беше безуспешно. Самата публика не веруваше дека игра токму нивниот тим, кој две сезони по ред вицепрвак во својата земја. Конечниот резултат беше 28:35.

Со овој висок триумф, Вардар го осигура второто место во групата. Прв беше Веспрем кој подоцна загуби во големото финале, од екипата на Барселона каде настапува нашиот Кирил Лазаров.