Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прва контрола на Вардар во Австрија
Прва контрола на Вардар во Австрија

Прва контрола на Вардар во Австрија

  • Вардар загуби на првата контрола од руски Терек Грозни со 1:0
    Вардар започна добро, имаше повеќе од поседот на топката. Првата посериозна шанса ја имаше Артак Дашјан, кој одзема топка на средината на теренот, се отвори контра, малку беше себичен, шутираше од 20тина метри, но покрај голот. Во првиот дел Вардар имаше уште една убава прилика, преку Влатко Грозданоски кој шутираше, но противничкиот голман ја одби топката.
    Во 33 минута по една контра русите создадоа шанса за гол и постигнаа за водство од 1:0 речиси и Терек немаше некоја посериозна шанса за гол. Во 42 минута доби црвен картон еден играч на Терек, но влезе нов, во договор помегу двете страни.
    Недостасуваа Хамбарџумјан и Попов по страните.

    Во вториот дел нашиот стручен штаб направи многу замени, Асани и Фелипе донесоа многу свежина и продор по страните. Исто така се истакна и Гачевски, кој спаси чист гол за противникот. Шанса за Вардар имаше Темелков во 55 минута но за малку не успеа да погоди.
    Шанси за Вардар имаа Фелипе, Асани, Темелков, но остана резултатот 1:0
    Иако Вардар повеќе играше, напаѓаше сепак, Терек победи со 1:0
    Скоро сите играчи добија шанса, кои беа повикани за овој меч.
    Фото: фквардар.мк