Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ „Мислам дека имаме шанси! Изјави на играчите
ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ „Мислам дека имаме шанси! Изјави на играчите

ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ „Мислам дека имаме шанси! Изјави на играчите

По ждребката за утрово и добивањето на АПОЕЛ фудбалерите и членовите на стручниот штаб излегоа со свој видувања кој ги пренесе официјалниот клубски сајт . Еве ги истите :
АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (ТРЕНЕР)
„Се работи за тежок противник, но ние ќе се обидеме да направиме изненадување. Искрено не го посакував овој тим, а од оние пет кои можеа да ни се паднат најмногу го сакав Карабах. Би сакал да истакнам дека имаме шанси, и можам да кажам дека тие се 50-50. Ќе дадеме се од себе да се обидеме да направиме изненадување. Изненадувања се можни во фудбалот, тоа го покажа токму Вардар пред повеќе од 10 години кога играше со ЦСКА Москва која тогаш беше во најсилен состав“

БОБАН ГРНЧАРОВ
„Кога јас бев во АПОЕЛ и сега, работите не се исти. Тогаш стигнаа до четврфиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа сега се далеку од такво нешто. Имаме шанси. Тоа што го играме првиот меч на гостински терен треба да биде некаква предност. Ако извадиме добар резултат пред нашата публика да се обидеме да дојдеме до успех. Инаку таму на Кипар не чека жешка атмосфера, затоа што АПОЕЛ секогаш игра пред полн стадион. Ама не смееме да подлегнеме на притисокот“

НИКОЛА ГЛИГОРОВ
„АПОЕЛ не е тоа што беше пред неколку години, но и Вардар не е тоа што беше. Сметам дека АПОЕЛ е послаб од минатото, додека кај нас сега ситуацијата е поинаква во позитивна смисла. Противникот е фаворит, меѓутоа сметам дека имаме шанси“

ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ
„Мислам дека имаме шанси. Не треба да го потценуваме, но ниту да го преценуваме противникот. Подобро ќе беше да ни падне Карабах, меѓутоа и против АПОЕЛ шансите да поминеме понатаму постојат. Тие не се толку силни како што беа пред 4-5 години“

СТЕФАН СПИРОВСКИ
„Ни падна најтешкиот противник од сите пет кои можеа да ни се паднат. АПОЕЛ е екипа која има најмногу титули на Кипар и екипа која е со традиција. Пред неколку сезони направи голем успех кога влезе меѓу првите осум во Европа. За мене ова ќе биде второ искуство против АПОЕЛ. Играв со Пелистер и тогаш дома игравме 0:0, а таму изгубивме 1:0 со гол од пенал. Но, многу напреднаа од тогаш. Нема да се предаваме однапред. Одиме да се надигруваме, па ако имаме малку среќа може и да ги минеме“.