Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) “Јуниор лига“: Во машкиот дел кај генер. “2000/01 триумфи за РК Шампион и ГРК Гостивар
(ФОТО) “Јуниор лига“: Во машкиот дел кај генер. “2000/01 триумфи за РК Шампион и ГРК Гостивар

(ФОТО) “Јуниор лига“: Во машкиот дел кај генер. “2000/01 триумфи за РК Шампион и ГРК Гостивар

Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански денес се одиграа натпревари од првото пролетно коло во “Јуниор“ лигата. Во машкиот дел кај генерацијата родени 2000/01 победи за екипите на РК Шампион и РК Гостивар.

Екипата на Шампион имаше лесна задача во дуелот со РК Војнисон која ја совлада со резултат 21:12. Уште од стартот на натпреварот РК Шампион имаше предност но не поголема од два гола. Беше 3:1 и 4:2, по што Војнисон го намали резултатот на 4:3. Сепак до крајот на првиот дел, Шампион успева со серија од четири полесдователни голови да се одлепи на солидно водство од 8:3. До крајот на првиот дел разликата растеше во корист на Шампион, за предност од 11:4 на полувреме. По десет минути игра екипата на РК Шампион успева да стигне и до двоцифрена предност од 17:7, по што беше познато кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. Рутински го приведоа крајот на мечот, за конечни 21:12 во корист на РК Шампион. Кај победникот Даниел Митевски постигна 9 голови, додека кај поразените се истакна Марио Крстески со 4 погодоци.

16683900_1252283311485179_3606737053894196146_n 16806676_1252283308151846_2473192586740855277_n

Победа во истава генерација забележа и екипата на ГРК Гостивар, во дуел со РК Урдаревски. Гостивар одлично го отвори натпреварот поведувајќи со 0:3, а истава разлика ја одржуваа и во следните десет минути кога резултатот беше 3:6. Имаа избраниците на Селмани и предност од 4:7, но до крајот на првото полувреме со два гола во серија. Урдаревски намалува на 6:7. Не гледавме многу погодоци и во второто полувреме, каде се играше цврста одбрана на двете страни. Сепак Гостивар имаше постојано водство и го контролираше резултатот, каде повтрно стигнуваат до три гола предност (7:10). Урдаревски се обидуваше да се влезе во неизвесна завршница, но се беше јасно кога Гостивар стигна до највисоки пет голови (10:15). Во последните минути само го намалија резултатот, за конечни 12:15. Стојкоски Давор постигна 5 гола кај Гостивар, додека кај Урдаревски единствено расположен беше Благоја Петровски со 8 голови.

16807729_1252283681485142_1998093169552167602_n vardarfans-naslovna