Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Очекувани победи за РК Кастратовиќ и РК Кале во женскиот дел од “Јуниор“ лигата кај генер. “2004/05
Очекувани победи за РК Кастратовиќ и РК Кале во женскиот дел од “Јуниор“ лигата  кај генер. “2004/05

Очекувани победи за РК Кастратовиќ и РК Кале во женскиот дел од “Јуниор“ лигата кај генер. “2004/05

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од првото пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа натпреварите во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година.

Утринската програма се отвори со натпреварот помеѓу екипите на Опш.Кисела Вода 2 и РК Кастратовиќ. Победата очекувано им припадна на РК Кастратовиќ кои се вицешампиони од последното издание на зимскиот турнир. Во првите пет минути екипата на Кисела Вода одржуваше резултатска рамнотежа кога резултатот беше 2:3. Сепак од тој момент тимот на РК Кастратовиќ прави голема серија од пет последователни голови и го зголемува водството на 2:8. Резултатот по првиот дел гласеше 3:10. Првите два гола во вториот дел беа за екипата на РК Кастратовиќ кои уште повеќе ја зголемуваат предноста на 3:12. Во продолжение од натпреварот, екипата на Кисела Вода 2 успева да го намали резултатот на 8:14. Сепак РК Кастратовиќ не дозволи резултатска неизвесност и на крајот славеше со резултат 9:18. Кај победничкиот тим, Ана Митова постигна 6 голови.

Убедлива победа во првото пролетно коло и за шампионскиот тим од турнирот, РК Кале од Кичево, кои денес го прегазија својот противник РК Вардар ДБ. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 20:2. Фуриозен старт имаше РК Кале која поведе со 6:0, по што конечно прв гол постигна и екипата од Кавадарци. По ова следи нова серија од пет последователни голови за РК Кале кои зголемуваат на 11:1, а првиот дел со гол го завршува РК Вардар ДБ за резултат на одмор од 11:2. Самиот резултат говори што се случуваше во второто полувреме, каде РК Кале успеа девет пати да ја тресе противничката мрежа, додека РК Вардар ДБ за жал не успеа да постигне ниту еден погодок. Најдобриот играч на РК Кале, Сара Стефаноска и денес беше најдобар стрелец со 7 постигнати голови.

Во истава генерација со службен резултат екипата на РК Филип го доби мечот со Кисела Вода 1. Со овие резулттаи се комплетираше првото пролетно коло во женскиот дел кај генерација 2004/05.