Денес во спортскиот ракометен центар Кале продолжија натпреварите од ракометната Јуниор лига. Први победи во денешното коло забележаа екипите на Академија 1 во генер. “1998/99 и екипата на Гостивар генер. “2004/05.
Заслужена победа за машката екипа на Академија 1, која во текот на целиот натпревар имаше водство во дуелот со РК Шампион. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 13:21. Се што успеаа екипата на Шампион е да го израмни резултатот на 1:1, по што следуваше серија на Академија 1 за одлепување и водство од 1:5. Оваа разлика се одржуваше до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 6:10.
Победникот на овој меч беше решен уште на стартот на вториот дел кога Академија 1 ги постигна првите три голови и зголеми на убедливи 6:13. Во следните минути Шампион постигна само еден гол, додека Академија 1 три за водство од 7:16. Остатокот од натпреварот беше само чиста рутина и одработување на минутите. Квалитетот беше на страната на Академија 1, кој заслужено го доби овој дуел.
Вториот натпревар во машка конкуренција беше помеѓу екипите на Рк Гостивар и Академија 3, во генерација родени 2004/05 година. Гостивар го доби овој дуел со резултат 7:4. Првите два погодоци на овој натпревар ги постигна екипата на РК Гостивар за водство од 2:0. На полувреме резултатот беше 3:2.
Во вториот дел при резултат 4:3, РК Гостивар постигна три гола за предност од 7:3. До крајот на натпреварот Академија 3 постигна гол за конечни 7:4 на овој натпревар.