Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за машките екипи на РК Будимир и Ангели, во „Јуниор Лигата„ кај генер.2006/07
Победи за машките екипи на РК Будимир и Ангели, во „Јуниор Лигата„ кај генер.2006/07

Победи за машките екипи на РК Будимир и Ангели, во „Јуниор Лигата„ кај генер.2006/07

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански започна 6.коло во ракометната „Јуниор Лига“. Во машкиот дел се одиграа два натпревари, кај генерацијата 2006/07 година. Победи забележаа екипите на РК Ангели и Будимир.

53541008_10213956561010322_3204705820893773824_n

Екипат на Ангели која ја предводи Силвана Миленковиќ успеа да слави во дуелот со РК Филип, чиј тренер е Александар Таневски. Интересно, екипата од Прилеп во првите минути од натпреварот беше во предност од 1:0 и 2:1, за до крајот на првите 15 минути од првиот да им дозволи на Ангели да направат серија од 0:5 и на полувреме да заминат со солидно водство од 2:6.

53337729_10213956566210452_5432090811380531200_n

Серијата продолжи и во вториот дел, кога Ангели постигнаа уште еден гол и зголемија на 2:7. Конечно екипата на Филип ја прекина серијата и постигна гол за намалување на 3:7, но избраниците на Миленковиќ влегоа во нова серија од 0:4 и се одлепија на највисоки 3:11.

53517184_10213956564410407_1270042582709174272_n

Тренерот на прилепчани, Таневски, даваше совети до своите играчи да се борат до крај и да се избегне повисок пораз. Не намалија многу, но барем не дозволија негативата да расте, стигнаа до пет гола разлика, на крајот победа за Ангели од 8:14

Во вториот меч, до лесна победа стигна екипата на Будимир која беше доминантна во дуелот со Делчево. Уште од самиот старт на мечот, избраниците на Будимир наметнаа силно темпо на игра, откако резултатот беше 2:3, последна реултатска неизвесност, екипата на Будимир до крајот на првото полувреме направи серија од 0:5 и имаше водство од 2:8.

53617051_10213956569690539_2380787809117011968_n 53694086_10213956580570811_9013422894281129984_n 54279570_10213956571450583_1110582034830458880_n

И во второто полувреме само растеше предноста во корист на екипата на Будимир. Стигнаа и до двоцифрена предност од 5:15, а до крајот Делчево се погрижи да намали на 9:17.